Seminarski i Diplomski Rad

 Izbori (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 23 | Nivo: pvu msi sv nikole filijala Bitola

СОДРЖИНА
ВОВЕД
ИЗБОРИ И ИЗБОРНИ СИСТЕМИ
ИЗБИРАЧКИ СИСТЕМИ
ЗАКЛУЧОК
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
ВОВЕД
Една од најразвиените политички дисциплини во демократските општества е псефологијата. Причините за нејзината популарност се во научниот пристап и во социологиската специфичност. Псефологијата ги опфаќа гласувањето како основна форма на политичко учество на граѓаните; изборите; изборните системи; изборните методи, процедури и реформи; изборниот процес; електоралното (изборното) поведение на индивидуите и групите итн. Псефологичките резултати се добиваат преку сите социологиски и статистички информации.
Техниките за социологиските истражувања (анкети, инвентари, монографски “панелни” истражувања и др.) се базирани главно на техниките од 40-те и 50-те години на ЏЏ век во “панелна техника” создадена од Лазерфелд. “Сондажното” испитување е “класично” при истражување на политичкото и електоралното поведение и учество. Изборот на статистичката репрезентативност е доста сложен процес. Успешно решавање на тоа бара да се разоткријат политичките изгледи и позиции во изборниот процес и надвор од него и да се направи квантитативно мерење на формите на политичката активност, особено на гласувањето. За таа цел се применува широк спектар на статистички истражувања.
Статистичката постапка за анализирање на политичката активност и учество, не се ограничува само на изучување на поведението на избирателите (електорат). Од средината на 60-те и почетокот на 70-те години, широко е распространетиот т.н. “екологичен потфат” чија што суштина е во статистичка значајност помеѓу политичкото и електоралното поведение од една страна, и социјалната средина од друга страна.
Статистичката анализа открива пред науката нова можност за формулирање на значајности, закони и тенденции во трудовите на: Карл Дојч - за национализмот и социјалната комуникација; Адорно и неговите следбеници Левинсон, Сенфорд за авторитарна личност итн. Всушност статистичката постапка во социолошкото испитување на електоралното поведение се гледа во трудовите на Т. Адорно, К. Дојч и др. Статистичкото анализирање на изборниот процес зема важно место и во другите европски држави како на пр. во Италија и особено во Холандија.
ИЗБОРИ И ИЗБОРНИ СИСТЕМИ
Ниту во античките демократии, нити пак во политичката доктрина на Ж. Ж. Русо демократијата не се дефинира преку изборите. Едвај пред ЏИЏ век се востановува врската помеѓу овие два термини. Денес во политичката теорија суштествува тенденција, која што ја дефинира демократичноста преку изборите највеќе кај страните наречени “западни”. За демократична се смета онаа страна, во која управувачите се избрани преку општи избори, коишто се најчесни и слободни.
Изборите се акт признат од законите и правилата на дадена организациона структура - држава, клуб, доброволно здружение, партија или која и да било друга структура, преку кои сите или повеќето од членовите учествуваат во изборот на помала група на личности коишто ќе исполнуваат одредени функции во рамките на таа организација. Актот на изборот, политички по својот карактер, е акт на делегирање на власт, преку која граѓаните суверено ја изразуваат својата волја за конструирање на изборните органи (институции).

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!